Кина го нарекува „сепаратист“: Кандидатот на владејачката партија во Тајван прогласи победа

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Кандидатот на тајванската Демократска напредна партија Лаи Чинг-те победи на денешните избори за претседател на Тајван

Кандидатот на главната тајванска опозициска партија Куоминтанг (КМТ), Хоу Ју-их, го призна поразот на изборите и му честиташе на Лаи, пренесува Ројтерс.

Според британската агенција, Кина пред изборите постојано го нарекувала Лаи сепаратист и ги одбивала неговите повеќекратни покани за разговори.

Лаи Чинг-те, кој се залага за посебен идентитет за Тајван и ги отфрла територијалните претензии на Кина, по неговата победа во саботата рече дека се надева на враќање на „здравите и уредни“ размени со Кина, повторувајќи ја својата желба за разговори засновани на почит и еднаквост.

Слични содржини