23
Според нацрт-буџетот претставен денеска на Националниот народен конгрес, се очекува Кина да го зголеми воениот буџет за 7,2 отсто за тековната 2025 година.
Со ова зголемување, воениот буџет ќе изнесува околу 245 милијарди долари што е процентуално исто како и минатата година.
Порастот на трошоците за одбрана се резултат на зголемени тензии околу Тајван и територијалните спорови во Јужното Кинеско Море, каде што Пекинг има сè поекспанзивни барања, наведува ДПА. Тајван се управува самостојно од 1949 година, но Кина го смета за дел од својата територија и не ја исклучува можноста за присилно обединување.