Проектот за експресната железница меѓу Кина и руското пристаниште Зарубино ќе биде претставен во почетокот на септември, објави рускиот министер за транспорт во петокот наутро. Тоа ќе се случи за време на Источниот економски форум, кој ќе се одржи на 2 и 3 септември во Владивосток.4968378

Информацијата е на министерот за транспорт на Русија од телевизискиот канал “Россия 24”, цитиран од агенциите. Според Соколов засега Русија не планира да насочува државни средства за неговиот развој.

“Прво треба да видиме како функционира проектот, а потоа да прифаќаме решенија. Тоа се гигантски инвестиции и едвај ќе се најде некој инвеститор кој ќе вложи такви огромни суми без да разбере како функционира пилот-проектот. Таков пилот проект и предложивме “, истакна министерот.4968379

Уште во јуни истиот министер раскажуваше дека Русија упатила кон Кина предлог да биде реализиран проектот врз основа на технологијата Hyperloop како прв “пилот” проект развојот на Приморскиот коридор – 2. Ова се 70 километри меѓу Кина и Приморскиот крај со излез на океанското пристаниште во Зарубино. Технологијата Hyperloop е измислена од Илона Муск – инженер, пронаоѓач, бизнис магнат, инвеститор кој развива бизнис од САД.

Оваа технологија која вклучува магнетна перница би требало да обезбеди максимална можна засега брзина за копнен транспорт.4968380

Во цевките се одржува технички вакуум и во оваа средина со исклучително низок отпор ќе се движат капсули со патници или товар врз магнетна перница со брзина до 1220 километри на час. Последователни тестови на возот Hyperloop се планирани за декември 2016 година во државата Невада.

Слични содржини