Кина испраќа вештачка месечина на небото

од Vlatko K
134 прегледи

Револуционерен извор на ноќно светло наскоро ќе се појави на небото над кинескиот град Ченгду, провинцијата Сечуан. Тоа е вештачки придружник кој може да ги замени уличните светилки, пренесе Гардијан.

Сателитот ќе изгледа како месечина, но за разлика од него, ќе биде осум пати посветол. Вештачката месечина повеќе ќе ја надополнува наместо да ја замени природната земна месечина.

Новиот извор на светло ќе осветли територија со дијаметар од 10 до 80 км. Луѓето ќе можат да го контролираат опсегот на осветлување од далечина до десетици метри.

Концептот на вештачка месечина е дело на Ју Чунфенг, шеф на приватната вселенска компанија Chengdu Aerospace Science. Тој тврди дека истражувањата за сателитот започнале пред неколку години, а неговото пуштање во вселената е планирано за 2020 година.