Кина ја откажа посетата на Борел закажана за следната недела

од Stefanija Kuzmanovska
217 прегледи

Кина ја откажа посетата на шефот на европската дипломатија Жозеп Борел на таа земја, каде што требаше да престојува следната недела, соопшти денеска портпаролката за надворешни работи и безбедносна политика на Европската комисија, Набила Масрали.

„За жал, колегите од Кина не информираа дека закажаните датуми за следната недела веќе не се можни и дека сега мораме да бараме алтернативи“, рече Масрали во писмената изјава за „Ројтерс“.

Амбасадорот на ЕУ во Пекинг, Хорхе Толедо, претходно најави дека Борел на 10 јули ќе пристигне во Пекинг и ќе се сретне со шефот на кинеската дипломатија Чин Ганг.

Слични содржини