Ако САД започнe трговска војна, Кина ќе одговори соодветно . Ова беше порачано од кинескиот министер за надворешни работи Ван Ин пред новинарите, говорејќи на маргините на Националниот народен конгрес.

 

Тој додаде дека трговските војни никогаш не биле вистинско решение за проблемите, додавајќи дека Кина и САД не треба да се противат .

Првиот дипломат на Кина, исто така, ја повика Северна Кореја и САД да започнат преговори што е можно побрзо, поздравувајќи  го напредокот во дијалогот меѓу Јужна Кореја и Пјонгјанг.

Вчера американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека Кина  ќе го преиспита и ќе го  преработи моменталниот трговски договор со Америка, што претходно таа го  нарече “неправеден”.

Во понеделникот, Трамп ја посочи  Кина како најголем предизвик во трговијата.