
Владата на Кина планира целото тибетско плато и околните планини да го прогласи за огромен национален парк со цел “да го задржи последното парче чиста земја на светот”, пишува South China Morning Post.
Дизјанираниот “Национален парк третиот пол” би станал најголем на светот со површина од 2,5 милиони квадратни километри. Со тоа овој парк од два пати поголем од сегашниот рекордер “Северозападен Гренландски национален парк”.
Ова лето кинеската влада ќе започне со изработка на научна студија на регионот, за да се утврдат границите на проектот. Професор Лиу Џингши сепак е на мислење дека “Национален парк трети пол” ќе биде тежок за управување заради својот невидена големина.
“За разлика од ненаселена Гренланд, Тибетското плато има градови, села, номадски племиња и локално тибетско население од 7,8 милиони лица. Основана цел на резерватот е да задржи и да ограничи економската активност и да доведе ситуација до активности за потребите на жителите кои во краен случај би можеле и да бидат иселени “, посочи тој.