Кина му возвраќа на Трамп – воведува царини од 34 отсто за САД

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Кинеското Министерство за финансии штотуку објави дека од 10 април ќе воведе дополнителни царини од 34 отсто за американските стоки.

Во соопштението за печатот тие наведуваат дека царините наметнати од Соединетите Американски Држави за кинески производи „не се во согласност со меѓународните трговски правила“.

Оваа одлука доаѓа како директна реакција на најавата на актуелниот американски претседател Доналд Трамп за воведување на вкупни царини од 54 отсто за кинескиот извоз, вклучувајќи ги и мерките кои се веќе воведени претходно.

Слични содржини