Кина не е единствена: Трамп без царински олеснувања за уште две држави

од Nikola Popovski
851 прегледи

Додека повеќето земји во светот ќе имаат пауза од 90 дена од стапувањето во сила на реципрочните царини на Доналд Трамп, Кина нема да има толку среќа, како што е познато. Сепак, како што потврдија од Белата куќа, во истото друштво се вклучени и Канада и Мексико.

Според одлуката на американскиот претседател, речиси сите земји ќе бидат поштедени 90 дена од стапувањето во сила на реципрочните царини, кои, да потсетиме, се различни за секоја земја. Во тој период земјите ќе имаат царини од 10 проценти.

Во тавото друштво нема да биде Кина, која Трамп ја удри со царина од 125 проценти. Сепак, Белата куќа потврди дека царината од 10 отсто не се однесува ниту на Канада и Мексико. Увозот од Мексико и Канада и натаму ќе има царини до 25 отсто, пренесува АП.

За разлика од царините што Трамп привремено ги намали на 10 отсто за да остави време за преговори, царините за двата најголеми трговски партнери на САД се посебна работа. Мексико и Канада добија толку високи царини поради шверцот со фентанил и илегалната имиграција.

Царините за челик, алуминиум и автомобили за сите земји остануваат непроменети, потврди претставник на Белата куќа за Би-Би-Си.

Претходно оваа година, американскиот претседател воведе царина на увозот од 25 отсто за целиот челик и алуминиум што влегуваат во САД, со што ги прекина претходните исклучоци за сојузниците, вклучувајќи ги Канада и ЕУ.

Слични содржини