Кина: Оценката дека Си Џинпинг е диктатор е неодговорна политичка манипулација

од Stefanija Kuzmanovska

Кина денеска реагираше на изјавата на американскиот претседател Џозеф Бајден, кој кинескиот претседател Си Џинпинг го нарече диктатор, со оценка дека таквиот говор претставува неодговорна политичка манипулација.

„Овој вид говор е крајно погрешен и претставува неодговорна политичка манипулација. Кина цврсто се противи на тоа“, изјави портпаролката на министерството за надворешни работи, Мао Нинг по самитот на двајцата лидери во Калифорнија.

Таа додаде дека „секогаш има луѓе со задни намери кои се обидуваат да сеат раздор и да ги уништат односите меѓу Кина и САД“, но дека, како што рече, нема да успеат.

Бајден на прес-конференцијата, на која требаше да ги претстави резултатите од самитот, рече дека се уште го смета својот кинески колега за диктатор.

„Тој е диктатор во смисла дека е човек кој раководи со земја, комунистичка земја заснована на форма на владеење која е сосема поинаква од нашата“, рече Бајден.

Си и Бајден се состанаа на маргините на конференцијата за азиско-пацифичка економска соработка во Калифорнија, а последен пат разговараа во ноември 2022 година за време на самитот на Г20 во Бали.

Слични содржини