Кина официјално побара истрага: Дали коронавирусот потекнува од американска лабораторија?

од Nikola Popovski
333 прегледи

Чен Су, постојаниот кинески претставник во канцеларијата на ОН во Женева, испрати официјално барање до Светската здравствена организација со кое бара отворање истрага за Форт Детрик, лабораторија на американската армија, како можен извор на коронавирусот.

Во писмото испратено до шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, Чен потсетува дека теоријата дека коронавирусот „протекол“ од лабораторијата во Вухан е „крајно неверојатна“.

Кинескиот дипломат бара испитување на истражувањето спроведено во Форт Детрик од страна на Ралф Бариќ, професор на Универзитетот во Северна Каролина. Според него, „ако некој се залага за можноста теоријата за истекување на вирусот од лабораторија да остане отворена, тогаш тоа е лабораторијата во Форт Детрик во САД, која треба да биде предмет на истрага“, пренесува кинеската агенција ECNS.

Чен со писмото ја приложи онлајн петицијата потпишана од 25 милиони Кинези, барајќи истрага за Форт Детрик, и два документи, насловени како „Сомнителни точки за Форт Детрик“ и „Истражување на коронавирусот спроведено од тимот на д -р Ралф Бариќ на Универзитетот во Северна Каролина“.

Вториот документ, објавен во целост од Синхуа, ја доведува во прашање работата на Бариќ за коронавирусите, вклучувајќи истражување за зголемување на нивната функција, синтеза и модификација на вирусите поврзани со САРС, што започна уште во 2003 година.

Слични содржини