Кина пријави рекордни 32.695 случаи на инфекција со корона

од Stefanija Kuzmanovska

Кина денеска пријави 32.695 случаи на инфекција со коронавирус, не сметајќи ги увезените инфекции, што е нов рекорден број заразени со ковид, објавија здравствените власти во земјата.

Од тој број, 3.041 пријавени случаи биле симптоматски, а 29.654 асимптоматски.

Овој рекорд уследи по вчерашните 31.144 случаи на инфекција, што е најголем број од средината на април, кога беше прогласен карантин во Шангај, а градот беше затворен два месеца.

Слични содржини