Кина денеска објави дека ќе ја повлече апликацијата која се користи за следење контакти заразени со коронавирусот, што е пресвртница во откажувањето на земјата од стратегијата за нулта толеранција на ковид-19, пишува „Гардијан“.
Властите соопштија дека апликацијата, која следи дали некој бил во област со висок ризик врз основа на неговиот телефонски сигнал, ќе биде исклучена утре наутро по повеќе од две години работа.
„Патничката картичка“ беше централен дел од политиката на Кина за нулта ковид, при што милиони луѓе мораа да ги внесат своите телефонски броеви за да „добијат“ дозвола да патуваат меѓу провинциите или да присуствуваат на јавни настани, наведе британскиот весник.