Кина: САД се неуспешни во борбата против коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska
220 прегледи

Три кинески истражувачки центри го критикуваа раководењето на епидемијата на коронавирус на САД, наведувајќи дека земјата не успеа да го спречи вирусот и дека има најголем број заразени и мртви луѓе во светот, објави кинеската медиумска група (ЦМГ).

Институтот за финансиски студии на Универзитетот Женгминг од Чонгкинг, Институтот Таихе и Интелизија собраа десетици поранешни политичари, интелектуалци и научници, кои придонесоа за извештајот.

„Извештајот откри дека недостатокот на здрав разум и научно знаење се директните причини за неуспехот на САД да го ограничи влијанието на пандемијата и го впери прстот кон поранешниот американски претседател Доналд Трамп за ширење лажни вести за вирусот“, додаде ЦМГ.

Во текстот се наведува дека повеќе од 600.000 Американци ги загубиле животите од вирусот поради лошото управување со кризи, истакнувајќи дека „некои американски медиуми се уште оценуваат дека Соединетите држави реагирале најдобро на пандемијата во светот“, наведе ЦМГ.

Извештајот смета дека пандемијата на коронавирус е стимул за неединство во американското општество, а теориите на заговор за потеклото на вирусот „ги влошуваат насилните ставови и дискриминацијата против Американците со азиско потекло“.

Слични содржини