Кина: Шефот на Интерпол е под истрага заради сомневање за прекршување закони

од desk2
169 прегледи

Дисциплинскиот орган на КП на Кина соопшти денеска дека претседателот на Интерпол Менг Хонгвеи е под истрага заради сомневања дека прекршил закони.

Станува збор за висок кинески претставник чие исчезнување го пријави неговата сопруга пред 10-на дена.

Менг Хонгвеи кој е замнеик кинески министер за јавна безбедност е „осомничен за кршење на закони и моментно е под истрага и надзор“ на новото кинеско тело за борба против корупција, Националната надзорна комисија.

Тоа соопштение службата на КП надлежна за борба со корупција и политичка нелојалност го објави вечерва на својот сајт.

Истовремено, сопругата Грејс Менг изјави дека сопругот пред да исчезне за време на патување кон Кина испратил фотографија на нож.

Таа денеска во Лион изјави дека верува оти тој се обидел со тоа да и каже дека е во опасност. Пораката и била пратена на 25 септември и таа оттогаш не е во контакт со него.

Интепол вчера официјално побара информации од Кина за Менг кој исчезнал откако дошол во Кина на посета.

Слични содржини