Кина тврди дека нејзината вакцина не предизвикува нуспојави

од Stefanija Kuzmanovska

Кина тврди дека нејзината експериментална вакцина, која обезбедува заштита од коронавирусот, не предизвикува „никакви несакани ефекти“.

„Досега не се забележани значајни несакани ефекти кај ниту едно лице кое примило вакцина за ‘итна употреба’, изјавил Женг Жонгвеи од Националната здравствена комисија на Кина за кинескиот весник Global Times, пренесува Анадолија.

Тој посочи дека Кина во моментов има 13 кандидати за вакцина, за кои клиничките испитувања се веќе започнати, а четири од нив преминале во третата фаза на тестирање.

Достапни по „пристапни цени“

Тој додаде дека досега околу 60.000 волонтери примиле четири експериментални вакцини.

Женг истакнал дека вакцините против КОВИД-19 ќе им бидат достапни на граѓаните по пристапни цени.

Во моментов се развиваат повеќе од 100 вакцини против КОВИД 19.

Слични содржини