Кина за наводната соработка со Трамп: „Не зборувајте за нас без причина“

од Stefanija Kuzmanovska
280 прегледи

Им предлагам на моите американски колеги да не зборуваат за Кина без причина, изјави денеска портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, пренесува „РИА Новости“.

„Не знам ништо за тоа“, кратко додаде кинескиот функционер, коментирајќи го извештајот објавен од Демократското малцинство во Претставничкиот дом, во кој се наведува дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп, преку бизнисите кои ги контролира, добил повеќе исплати во милиони долари од странски партнери кои доаѓале од Саудиска Арабија, Конго, Малезија, Албанија, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Индија, Кувајт, Турција, Филипини и Кина.

Се проценува дека на тој начин Трамп за време на неговото претседателствување добил 7,8 милиони долари од 20 земји, од кои околу 5,5 милиони, наводно, само од Кина.

„Без разлика на Уставот, претседателот Трамп не се обрати во Конгресот и не доби одобрение да ги зачува тие средства“, пишуваат авторите на извештајот.

Според нив, Трамп наводно се обидел да ги сокрие овие трансакции кои имале за цел лично богатење и збогатување на неговото семејство, пренесува RT Balkan.

„РИА Новости“ потсетува дека извештајот е објавен во време кога републиканците размислуваат за импичмент на американскиот претседател Џозеф Бајден поради наводна вмешаност во странски деловни операции на негови роднини, пред сè, на синот на Хантер Бајден.

Слични содржини