Кинеската зоолошка градина негира дека нејзините мечки се „лажни“: Тврди дека не се „луѓе под маски“

од Stefanija Kuzmanovska
397 прегледи

Зоолошката градина во Кина ги отфрли обвинувањата дека некои од мечките изложени во кафези се всушност луѓе во костими, откако фотографиите од животните кои стојат исправено со тенки нозе налик на луѓе ги преплавија социјалните мрежи.

Зоолошката градина Хангжу рече дека малајските мечки се помали од другите мечки и изгледаат поинаку, но инсистираат на тоа дека се вистински, пренесува Sky News, додавајќи дека вработен во зоолошката градина му рекол дека денеска биле организирани посети за новинарите да ги видат мечките.

Корисниците на интернет се прашуваа дали мечките во зоолошката градина се вистински откако беа објавени фотографии на кои се гледа како една стои исправено на своите витки задни нозе.

„Поради начинот на кој стојат, некои луѓе на интернет се прашуваат дали се ‘луѓе под маски’“, според кинескиот весник Hangzhou Daily.

Малајските мечки се со големина на големи кучиња, високи максимално 1,3 метри на задните нозе, во споредба со 2,8 метри типични за гризли и други видови, се вели во соопштението на зоолошката градина.

Sky News објави дека „другите кинески зоолошки градини претходно беа обвинети дека се обиделе да ги претстават кучињата со бојадисано и исечено крзно како волци или африкански мачки“, додека една зоолошка градина во Египет претходно негираше дека боеле магариња за да личат на зебри.

Слични содржини