Кинески хакери пристапиле до мејлот на американскиот амбасадор во Пекинг

од Stefanija Kuzmanovska
165 прегледи

Кинески хакери пристапиле до мејлот на американскиот амбасадор во Пекинг, Николас Барнс, како дел од операцијата за шпионажа за која се верува дека компромитирала најмалку стотици илјади индивидуални електронски пораки на американската влада, објави „Волстрит журнал“.

Како дел од операцијата, хакирана е и сметката на помошникот државен секретар за Источна Азија, Даниел Критенбринк, додава американскиот весник, повикувајќи се на неименувани извори, пренесува „Ројтерс“.

Стејт департментот одби да даде какви било детали, додавајќи дека истрагата се уште е во тек.

„Од безбедносни причини, во овој момент нема да споделуваме дополнителни информации за природата и обемот на овој инцидент со сајбер безбедноста“, соопшти американскиот Стејт департмент.

Претходно беше објавено дека сметката на американската министерка за трговија Џина Раимондо била хакирана.

Слични содржини