Кинески инженер си направи робот и се ожени за него

од Vladimir Zorba

Кинески инженер, поранешен соработник на компанијата Huawei ” стапил” во брак со робот кој сам си го создал, пишува South China Morning Post.

31-годишниот инженер Чан Цзјацзја “склучи брак” со робот, кого го нарече јин јин. На церемонијата присуствуваа мајка му и неговите пријатели, сите мажи.

“Невестата” била облечена во црн костум, а на главата ѝ ставиле црвена шамија. Не се соопштува за регистрација на официјален брак.

Најсреќниот “младоженец” ја изградил својата сопруга Јин Јин минатата година. Според изданието, роботот знае неколку зборови, способен е да препознава слики и разликува кинески знаци. Во иднина Чан се надева дека ќе ја насочи машината за да може таа самостојно да се движи и да му помага во домаќинството.

Како што потврдува негов близок пред изданието, инженерот решил да се ожени за робот, бидејќи не можел да си најде девојка.

Фото: SCMP Pictures

Слични содржини