Неколку кинески производители на вакцини против коронавирус изјавија дека ja изолирале многу заразната варијанта на делта сојот и се подготвени да развијат вакцини за новиот вид, кој се прошири во повеќе од 130 земји и региони, објави денеска кинеската медиумска група (CMG) .
Компанијата „Shenzhen Kangtai Biological Products“, со седиште во провинцијата Гуангдонг, изјавија дека изолирале неколку делта соеви, како дел од својата програма за истражување, чија цел е да создаде нова верзија на инактивираната вакцина, која посебно ќе ја таргетира таа варијанта.
Првата генерација инактивирана вакцина на компанијата беше одобрена за итна употреба во Кина во мај.
Лабораториските тестови покажуваат дека може да создаде добри неутрализирачки ефекти и да обезбеди заштита од нови варијанти, додава CMG.