Главниот кинески епидемиолог Ву Зунју рече дека самото потпирање на вакцините не може да го спречи ковидот и дека затоа Кина нема да ја промени својата политика на „динамична нулта толеранција“ кон коронавирусот додека не се најде друг начин да се спречи ширењето на вирусот.
Ву е шеф на епидемиологија во Кинескиот центар за превенција и контрола на болести.
Тој во интервју за денешниот „Глобал тајмс“ рече дека, иако Кина достигна високо ниво на стапка на вакцинација на населението од 70 проценти, се додека кoвидот може да го избегне колективниот имунитет, луѓето сепак можат да се заразат.
Изјавата дојде по информациите дека градот Баис во Гвангси е затворен поради жариште на КОВИД, а извештаите велат дека градот е наводно затворен и дека никој не може да излезе и да влезе.