Премиерот Зоран Заев придружуван од министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на НР Кина во Северна Македонија Џанг Ѕуо, денеска го посетија вакциналниот пункт во поликлиниката „Јане Сандански“.
Тие разговарале со граѓаните кои интензивно се вакцинираат и со медицинскиот персонал кој го спроведува процесот на вакцинација. Притоа се информирале за текот и дневниот капацитет кој го овозможува оваа поликлиника за непречено вакцинирање на нашите граѓани.
Кинескиот амбасадор Ѕуо изјави дека му е драго што сме сведоци дека 200.000 дози вакцини од Синофарм КОВИД-19 и се од помош на Северна Македонија за да изврши масовна вакцинација.
„Како што сме сведоци и премиерот Заев само што беше вакциниран со вакцината Синофарм, што е уште еден пример за пријателски односи меѓу Кина и Северна Македонија, демонстрирајќи ја целосната македонска доверба во кинеската вакцина која ја одразува добрата волја на Кина за активна поддршка на Северна Македонија во заедничка борба против епидемијата!
Покрај сегашната огромна домашна побарувачка за вакцини, Кина ги надмина тешкотиите и обезбеди поддршка за Северна Македонија и другите земји, се со цел да работиме заедно за да изградиме заедница за заедничка иднина за човештвото“, вели амбасадарот, додавајќи дека Кина е подготвена да продолжи да ги продлабочува практичните размени со Северна Македонија, да работиме заедно во борбата против епидемијата и да промовираме економско закрепнување за придобивки на нашите земји и народи.
Премиерот Зоран Заев денес на пладне се вакцинираше со кинеската вакцина во вакциналниот пункт „Борис Трајковски“, а утре се очекува истото да го стори и министерот Филипче.