Кинеските вакцини нова опција за Македонија

од Берта Китинска
337 прегледи

Мерките остануваат на сила иако состојбата во земјава со коивд е стабилна, велат властите.

-До крајот на неделата очекуваме одговор од кинеските производители на вакцини за количината која може да ја очекуваме од таму. Во меѓувреме очекуваме и конечна потврда за датумот на испорака на вакцините од Ковакс механизмот како и за вакцините кои треба да ги добиеме од соседна Србија, изјави министерот Филипче.

Вакцинацијата според најавите на министерот за здравство ќе започне во февруари, а системот „Мој тремин“ ќе ја има клучната улога во нејзиното спроведување .

– Повикувањето ќе се одвива преку системот „Мој термин“. Во првата група се здравствените работници кои работат со ковид пациенти, потоа вработените во лабораториите, каде што се врши дијагностиката и најстарите граѓани над 70 години кои се во ризична група согласно нивните хронични дијагнози, рече Филипче во интервју за ТВ21.

Вакцинацијата ќе се спроведе во три фази

Вакцинацијата ќе ја спроведеме во три фази во кои се опфатени различни категории на граѓани. За спроведување на вакцинацијата ќе ја користиме постоечката здравствена инфраструктура и стручниот кадар кој досега ги спроведува вакцинациите во државата. Од организациски аспект, системот ќе биде адаптиран согласно условите и во моментот кога ќе има поголем број на вакцини, вакцинацијата ќе се спроведува во поширок опсег со можност за вклучување на повеќе вакцинални тимови и отворање на пунктови. Попладнево го усвоивме Националниот план за КОВИД-19 вакцинација кој предвидува надлежните институции да го имплементираат и да доставуваат редовни месечни извештаи за остварениот напредок. Националниот план, исто така опфаќа и безбедна и сигурна логистичка поддршка за прием, складирање и дистрибуција на вакцините до вакциналните пунктови каде што ќе се спроведува вакцинацијата, соопштија од Влада.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91161, бројката на оздравени пациенти е 79621, на починати е 2812, а бројот на активни случаи изнесува 8728.

Слични содржини