315
Четири лица го загубија животот во големиот шумски пожар, кој беснее на Кипар веќе втор ден, соопштија денеска кипарските власти.
Пожарот опфати големи делови од шумата, а врз ширењето на пожарот влијае и силниот ветер.
Пожарот зафати повеќе од десет населени места на површина од над 50 квадратни километри.
Се верува дека египетски државјани починале во планинската област меѓу градовите Лимасол и Ларнака.