Кирацовски: Денеска победува Македонија

од desk2
99 прегледи

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски на првата прес-конференција по завршувањето на изборите рече дека денеска имало фер и регуларни избори.


„Очекуваме од сите учесници во избирачкиот процес да ја задржат до крај фер и демократската атмосфера. Денеска победува Македонија. Се уште нема првични пресеци, но ги сумираме резултатите и ќе излеземе наскоро со први резултати“, рече Кирацовски.

Коментирајќи ја изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој забележа дека имало нерегуларности во текот на целата кампања и денеска на изборите, Кирацовски рече дека „Македонија имаше фер и регуларни избори. Демократски и регуларен изборен ден. За нивната одлука дали ќе ги признаат изборите или не, оставаме на нив“.