Кирацовски: Не почна амандманската расправа за една изборна единица, 3.734 амандмани не се процесуирани

од Aleksandar Todeski
299 прегледи

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците не почна да расправа за промена на Изборниот законик за отворените листи и една изборна единица, бидејќи се уште има амандмани кои не се преведни и ставени на електронскиот систем. Претседателот на Комисијата, Александар Кирацовски истакна дека добил ветување дека до крајот на идната недела ќе бидат процесуирани сите амандмани.

„Административните услови се уште не се обезбедени, односно уште 3.734 амандмани од вкупно 5.899 не се пренесени на електорнскиот систем. Формирана е поголема работна група за аманмданите од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. До крајот на наредната недела ќе бидат обезбедени условите за отпочнување на работата на комисијата. Јас имајќи предвид колку ревносно и напорно работат службите, не верувам дека има простор за сомнеж“, рече Кирацовски.

Ако до тогаш нема услови, пратеникот на СДСМ рече дека јавно ќе повика на одговорност, а најави и  јавна расправа за побараните измени на Изборниот законик зад кои стојат 17 пратеници.

Јавната расправа ќе се одржи на 25 декември во 14 часот. Ги повикувам сите познавачи на изборниот процес и да ги номинираат своите познавања и аругемнти, со цел добар дел од оние кои ги поднеле амандманите истите ги повлечат и да влеземе во суштинска дебата. Дали ќе заврши или не амандманската расправа е моја политичка проценка, моја обврска е да ја почнам расправата. Има надеж дека оние кои ги поднеле амандманите за да го закочат процесот ќе ги повлечат истите“, истакна Кирацовски.

А.Т.

Слични содржини