Кирацовски: Во последните два дена стигнаа нови 2.165 амандмани за Изборниот законик

од Aleksandar Todeski

Во текот на вчерашниот и денешниот ден ситгнале нови 2.165 амандмани од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а кои се однесуваат на измената на Изборниот законик со што државата би станала една изборна единица, но и за отворени листи.

Претседателот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Александар Кирацовски рече дека амандманската расправа ќе почне утре, но сепак е песимист дека ќе се заврши до распуштање на Собранието.

„Комисијата ја закажав за утре во 14 часот. За двете законски решенија се поднесени многу амандмани, не сум сигурен дека до распуштање на Собранието ќе ја завршиме амандманската расправа. Само 1.544 амандмани од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за родова застапеност на листите и отворени листи. За една изборна единица се поднесени 2.190 амандмани, а службите работат на околу 2.165 амандмани дополнително поднесени вчера и денеска. Оваа форма на мноштво амандмани се користи кога се има за цел да се закочи законска постапка“, истакна Кирацовски.

Тој нагласи дека е лицемерно што ВМРО-ДПМНЕ гласале да влезат овие две решенија во процедура, а потоа ги поднеле аманмданите.

„Јас сум должен како претседател на комисијата да отворам расправа. Никој не може да предвиди дали пратениците ќе ги тргнат амандманите и ќе оди глатко процедурата. Не сакам ни ден повеќе да чекам подготовки од техничка природа. Очекувам да се дискутира кратко и јасно за да се дојде до измените кои се за демократизација на државата. До сега никој од оние кои ги поднеле аманмданите немам информација дека ќе одолговлекуваат или дека ќе се откажат од амандманите. Убеден сум дека предлагачите се цврсто решение да се афирмира ова решение и не би се откажале од измените. Се надевам дека ќе преовлада разумот, во најмала рака да се повлечат амандманите кои се од техничка природа“, рече Кирацовски.

А.Т.

Слични содржини