Ако Кина сака да игра конструктивна улога во украинската криза, нејзиниот претседател Си Џинпинг треба да ја охрабри Русија да стави крај на инвазијата на Украина, изјави Џон Кирби, координатор на Советот за национална безбедност во Белата куќа.
„Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг зборуваа топло за руско-кинеското пријателство, заеднички критикувајќи го Западот, но нема знаци за дипломатски напредок во украинската криза“, рече Кирби, пренесе Ројтерс.
На средбата со претседателот на Русија, претседателот на Кина го нарече Путин „драг пријател“, а Путин одговори со истите зборови. По денешните разговори со кинескиот колега, рускиот претседател оцени дека многу идеи од кинескиот мировен план за Украина може да се искористат како основа за решавање на конфликтот во Украина, но само кога Западот ќе биде подготвен да ја прекине борбата „до последно Украинец“, пренесе претходно ТАСС.