413
„Вакцината на АстраЗенека е забранета за лицата под 60 години кај на, претпоставувам поради претпазливост, но времето ќе покаже“, вели докторката Мери Кирјас од Институтот за имунобиологија за емисијата „Тв 24“.
Според неа, танува збор за редок вид на несакани ефекти, кој се појавува на милионски дози.
„Има 60 случаи, половината се во Германија и се дискутира дали сите случаи се причината или не. Тоа се некаде околу 4 на милион“, истакнува Кирјас.
Од таму се поставува прашањето дали сите случаи се поврзано со вакцините или не, смета докторката.
„И да се поврзани, тие се сметаат за ретки настани, за разлика од Ковид-19, кога гледаме 3 лица од 100 умираат“, додава таа.