Кирјос повторно го шокираше светот: „Не би бил изненаден ако Земјата е рамна плоча“

од Nikola Popovski
35 прегледи

Ник Кирјиос, австралискиот тенисер, повторно е во центарот на вниманието, овој пат поради необична изјава за планетата Земја и египетските пирамиди.

Киргиос е познат како некој кој често дава контроверзни изјави, а тоа беше случај и овој пат. Како што рекол Австралиецот, „не би бил изненаден доколку планетата Земја е рамна плоча“.

„Верувам дека Земјата е тркалезна, но не би ме шокирало да е рамна“, рекол Кирјос на подкастот „The Louis Theroux“.

Тој исто така зборувал за слетувањето на човек на Месечината.

„Мислам дека единствената интересна работа во целата оваа приказна е тоа што Американците први го направија тоа. А пред тоа немаа ниту едно успешно лансирање ракета и потоа одеднаш слетаа на Месечината“.

Зборувал и за египетските пирамиди во Гиза.

„Тоа е лудост. Како е можно сите мерења да се точни, а пирамидите да се толку совршено порамнети. А се направени со туркање огромни камења по дрвја?! Зошто вратата им е толку голема? Кој треба да помине низ таа врата ако е толку голема? Не знам кој ги изградил пирамидите, само мислам дека луѓето не биле способни за такво нешто. Сега е 2024 година и ние луѓето не можеме да се согласиме. Мислите дека ги направивме пирамидите? Тоа е лудост“, рекол австралискиот тенисер со грчко потекло.

Слични содржини