„Кисела насмевка“: Трамп ја предупредил сопругата Меланија да се насмевне пред фотографите (видео)

од Nikola Popovski

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја предупредил неговата сопруга Меланија дека е премногу сериозна за време на посетата на светилиштето „Свети Јован Павле Втори“, еден ден откако ги шокираше верниците со позирањето пред црквата Свети Јован со Библијата во рацете, која беше оштетена во немирите во САД.

Во видеото што се појави во медиумите, Трамп може да се види како ѝ се обраќа накратко на својата сопруга, а потоа се смешка пред фотографите кои ја следеа нивната посета.

Според „Индипендент“, Трамп тогаш забележал дека Меланија не се насмевнува, па затоа и се обратил, по што првата дама на САД направила една „кисела насмевка“.

Слични содржини