Кишида: Г7 ќе разговара за ChatGPT во Хирошима, неопходни се меѓународни правила

од Vladimir Zorba

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска најави дека лидерите на земјите од Г7 ќе разговараат за генеративниот систем за вештачка интелигенција ChatGPT на состанокот во мај во Хирошима.

За време на состанокот со раководителите на јапонските регионални весници, Кишида рече дека „неопходно е да се создадат меѓународни правила“ за употреба на системи за вештачка интелигенција (ВИ), пренесе агенцијата Kyodo.

Членовите на Европскиот парламент оваа недела ги поканија светските лидери да организираат самит за контрола на развојот на системи за вештачка интелигенција, објави Ројтерс.

Слични содржини