298
Русија и Украина би можеле да започнат мировни преговори до крајот на оваа година, изјави поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер за CBS Sunday Morning.
„Сега кога Кина излезе со мировна иницијатива, сè ќе си дојде на свое место. Мислам дека до крајот на годината ќе разговараме за почеток на преговарачкиот процес“, рече тој.
Претходно Кисинџер изјави дека продолжувањето на конфликтот во Украина е полно со ескалации и затоа мора да се стави крај преку преговори.