Тој нагласи дека мостовите во изминатите десетина година беа запоставен дел од патниот сообраќај, а за 2,5 години се реахабилитирани и санирани, но и новоизградени десетици мостови.
Китанов истакна дека во 2018 година беа завршени, санирани и рехабилитирани мостовите на реката Вардар, кај Удово, кај Сарај, како и мостовите од Гостивар до Колари, кои по долго време чекање, беа завршени за само една година. Истата година се завршени мостовите од Кочани до Делчево, како и од Коселска кај Охрид.
После 30 години, лани за прв пат во државата почнаа да се градат сосема нови мостови, истакна Китанов.
Тоа се мостот на реката Луда Мара во Ваташа кај Кавадарци, кој беше во очајна состојба, е изграден пред време и веќе е пуштен во употреба, во моментот течат работите на мостот на реката Бабуна кај Чашка, кој е завршен 85% и наскоро ќе биде пуштен во употреба, како и мостот на речата Пчиња кај Долно Коњари , чија изградба ќе заврши до крајот на годината, соопшти Китанов.
За оваа година е планирана изгрдба и реконструкција на голем број мостови, за кои, е во тек тендерска постапка, а минатата недела започнаа работите на мостови на Лакавица и на Кратовска река, истакна Китанов.
Наскоро очекуваме да започне санацијата на челичниот Искрин мост на делницата Куманово Свети Николе, кој е еден од најголемите во нашата држава, истакна Китанов, и најави дека привршува тендерската постапка за изградба, санација и реконструкција на мостовите на Чашка кај Лисиче, на реката Треска кај Македонски брод, Ратовица Злетово, Виница Берово, Лакавица Неготино, кај Драгоманци на Пчиња.
Во цела дражава посветено се работеше и продолжуваме со работа на мостовите и патишата, со цел патниот сообраќај да биде безбеден за учесниците во сообраќајот, истакна директорот на Агенцијата за јавни патишта и член на ЦО на СДСМ Зоран Китанов.