Ќе му помогнам на Ахмети да ја исчисти ДУИ од криминалците, порача Мицкоски

од Nikola Popovski
145 прегледи

Сакам да му се обратам и на Али Ахмети, но не на начин како што тој ми се обрати не така одамна. Реформирај ја партијата. Реформирано ДУИ е важно за татковината. Исчисти ги криминалците од твоите редови. Ќе ти помогнеме и ние во тоа – верувај ми дека ќе ти помогнеме. Ова е наша заедничка татковина. Дали гледаш колку Албанци дневно се иселуваат? Куќите во твојот Зајас зјаат празни, наместо да се полни со твои соседи и пријатели. За 20 години, повеќе од 100 илјади Албанци се иселиле од државата. Чија одговорност е тоа? Немам време за јавни надмудрувања и да подгреваме тензии. Имам попаметна работа од тоа, кажа денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски преку директна порака до претседателот на ДУИ.

Мицкоски посочи дека дел од Албанците го почитуваат Ахмети затоа што тој е таков како што е во изминативе 20 години.

-Но зошто да не ја заслужи и почитта од Македонците. Покажа визионерство за некои работи, но треба да покаже и визионерство и преку проекти, идеи, натпревар на визии. Треба да покаже дека ја почитува Македонија. Помири се, опозиција си, а дел од твоите најблиски соработници треба да се свесни за тоа што го правеа. Ти ветив и ти ветувам ќе ти помогнеме да ја исчистите ДУИ од тие криминални структури, кажа премиерот на 33-та годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини