Ќе побараат ли ДПМНЕ и Ковачки оставка од Мицкоски за „Скопје 2014“, праша Ковачевски од Собрание

од Nikola Popovski
420 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска од собраниската говорница го праша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки дали ќе побара оставка од неговиот лидер, Христијан Мицкоски за случајот „Скопје 2014“.

-Утрово се процесуирани градоначалник од ваши редови, министер за финансии од ваши редови и почесен претседател на партија од ваши редови за сериозно извршен криминал. Дали вие ќе поднесете оставка или ќе побарате оставка од вашиот претседател. Тоа е легитимно прашање, рече Ковачевски на седницата за пратенички прашања.

Претходно Ковачки го праша Ковачевски како е можно внукот на Али Ахмети, Дрин на 24 години да го купи трговскиот центар „Соравија“, дали ќе побара надлежните институции да постапат и дали ќе бара оставка од лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Слични содржини