Ќе се активира ли „црниот список“ за кој обвинуваат Бугарите: Џамбаски и Јорданов следната недела во Скопје

од Nikola Popovski
315 прегледи

На почетокот на следната недела во Скопје ќе се одржи заедничка седница на Европскиот парламент со претставници на македонското Собрание. Во европската делегација се двајца бугарски европратеници Ангел Џамбаски и Александар Јорданов, а останува да се види дали ќе бидат примени на територијата на Република Македонија, пишува БГНЕС.

Македонското МВР пред околу една недела одби да им дозволи влез на петмина бугарски државјани, меѓу кои и европратеникот Андреј Ковачев, поради тоа што не ги исполнувале условите за влез во земјава како странци.

Од Бугарија уште претходно обвинија дека постои „црна листа“ на бугарски државјани.

„Кон крајот на јануари и почетокот на февруари 2023 година се рашири гласина дека РСМ подготвува „црна листа“ на бугарски и европски граѓани на кои не им беше дозволен влез во РСМ врз основа на тоа дека не го признаваат македонскиот идентитет и јазик и на тој начин тие го навредува македонскиот народ. Бидејќи официјално не потврдија за оваа листа, во кој спаѓам јас, Ангел Џамбаски, Милен Врабевски, во тој момент мислев дека тоа е само гласина и не може да биде сериозна“, изјавил Ковачев.

Џамбаски и Јорданов се познати по своите провокации кон македонскиот народ и оспорувањето на историските факти.

Слични содржини