Ќе се утврди точна одговорност со име и презиме, рече Тошковски за хоророт во Кочани

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска увери дека „секој оној за којшто ќе се утврди одговорност ќе биде приведен“.

– Дел од лицата се приведени и се врши разговор со нив, дел од лицата кои се организатори на настанот се повредени во рамки на оваа катастрофална несреќа, рече Тошковски, додавајќи дека цел тим обвинители се во Кочани. Дежурен јавен обвинител веќе е излезен на лице место.

Тој уверува дека одговорност ќе има и дека секој вклучувајќи и поранешни и сегашни функционери треба да чувствуваат морална одговорност поради несреќата. Сите нормални луѓе, вели тој, треба да чувствуваат морална одговорност.

– Сакам да ја уверам македонската јавност дека во овој случај ќе се утврди точна одговорност со име и презиме, рече Тошковски.

Министерот на првата прес-конференција по несреќата не посочи колку лица до утрово се приведени.

– Имајте разбирање. Во овој момент мислам дека најбитно е да ги утврдиме сите факти и докази кои ни се потребни за да може сите процесни дејствија да бидат преземени соодветно. Да изразиме сочувство на роднините на загинатите и да бидеме смирени во насока на превземање на сите чекори за вакво нешто никогаш да не се повтори, изјави Тошковски.

Слични содржини