Една од трите ќерки на Брус Вилис од бракот со Деми Мур, Талула Вилис напиша есеј објавен во „Вог“ во кој зборува за дијагнозата на нејзиниот татко и раните знаци кои сите ги игнорирале.
„Долго време знаев дека нешто не е во ред. Се започна со некој вид на нејасно нереагирање, а семејството тоа го припишуваше на холивудското губење на слухот“, пишува на почетокот на есејот што 29-годишната Талула Вилис, ќерка на Брус Вилис и Деми Мур, го објави во „Вог“.
Таа потоа откри како сите потоа почнале да му кажуваат на нејзиниот татко да зборува погласно, верувајќи дека проблемите со слухот започнале по снимањето на франшизата „Умри машки“.
Како што минуваше времето, „нереакцијата“ на нејзиниот татко станувала се посилна и поинтензивна, а таа самата го сфатила погрешно, сфаќајќи го тоа лично.
„Тој имаше две бебиња со мојата маќеа Ема Хеминг Вилис и јас само помислив дека изгуби интерес за мене“, призна Талула, која ги има сестрите Румер (34) и Скаут (31), како и две полусестри, Мејбел (11) и Евелин (9).
„Иако сето ова не можеше да биде подалеку од вистината, мојот адолесцентски мозок се бореше со погрешна математика. Мислев дека не сум доволно убава за мајка ми или доволно интересна за татко ми“, признала Талула, додавајќи дека ги избегнувала знаците на лошата здравствена состојба на нејзиниот татко и цело време ја игнорирала вистинската состојба, поради што воопшто не е горда.
„Вистината е дека бев премногу болна за да се справувам и со тоа“, рече Талула, откривајќи дека и самата се борела со анорексија во последните четири години. Таа додаде дека не сака да зборува за своето нарушување во исхраната бидејќи, како што рече, го чувствува ограничувањето на храната како нејзин „последен порок“ откако се откажала од алкохолот на само 20-годишна возраст.
Дека животот воопшто не ѝ бил лесен говори и тоа што на 25 години била хоспитализирана за да се излечи од депресија, а подоцна ѝ бил дијагностициран ADHD.
„Сето ова време, татко ми тивко се бореше“, напиша Талула, признавајќи дека најтешко ѝ е тоа што нејзиниот татко никогаш нема да може да одржи говор на нејзината свадба. По долгогодишно лекување и самата е подобро, па сега може да се посвети на правење спомени со нејзиниот татко.
„Секогаш кога одам кај него, правам еден тон фотографии од сè што гледам. Ги имам сите негови говорни пораки зачувани на мојот хард диск. Се обидувам да архивирам сè и да го зачувам за деновите кога тој повеќе нема да биде тука, за да можам да се сеќавам на него и на нас“.
Талула откри и дека Брус, и покрај неговата тешка дијагноза, сè уште ја препознава кога ќе влезе во собата.