Ќучуков: Период на конструктивен политички молк ќе биде корисен за билатералните односи меѓу Бугарија и Македонија

од Nikola Popovski
225 прегледи

Како сериозна причина за загриженост во Софија и Скопје, поранешниот заменик министер за надворешни работи на Бугарија, Љубомир Ќучуков го гледа резултатот од истражувањето на анкеатата Еврометар, според која 79 отсто од граѓаните на земјава ја дефинираат Бугарија како непријателска држава.

Ќучуков смета дека овие резултати јасно покажуваат „присуство на негативен тренд, а понепријатно е што политичките проблеми меѓу двете земји се пренесуваат на чувствата меѓу граѓаните“.

„Верувам дека период на конструктивен политички молк на двете страни ќе биде корисен за билатералните односи. Без промена на уставот (на Северна Македонија), нема да може да се пристапи кон отворање на преговарачките поглавја, а тука постои уште еден сериозен ризик тоа да доведе до одвојување на Северна Македонија од пакетот со Албанија. Негативна страна е тоа што има и фактор време. Односно, ако  не се случи до крајот на годината, голема е веројатноста Албанија сама да започне преговори“, вели Ќучуков, пренесува „БТА“.

На прашањето од анкетата на Евротинк – Центар за европски стратегии, „дали веруваат дека постои држава или меѓународна организација која претставува закана за земјата”, 48 проценти одговориле со „да“, наспроти 46 отсто со „не“. Најголем процент од испитаниците сметаат дека Бугарија е најголема закана – 79 проценти.

Овој одговор е најчест помеѓу етничките Македонци (44%) и поддржувачите на ВМРО – ДПМНЕ (89,7%), а кај СДСМ (80,4%). Како второ спомената „закана” е Русија (6,3%), по случувањата во Украина, и овој одговор е повеќе присутен кај помладите испитаници и испитаниците од албанска националност. Потоа следи Албанија – 2,7 отсто и Србија – 2,4 проценти.

Слични содржини