195
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека четири лица загинале, а најмалку 35 се повредени како последица на руските ракетни напади врз главниот град на Украина.
Тој на социјалните мрежи објави дека четири лица се убиени во напад на 18-катна станбена зграда во киевскиот кварт Голосиев.
Кличко додаде дека во вториот напад се повредени 35 лица, 32 во Голошеево и три во областа Дњепар.
Украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко соопшти дека денеска Русија извршила интензивен ракетен напад врз главниот град Киев, како и врз регионите Николаев, Харков, Дњепропетровск и Лавов.