Климатски активисти упаднаа на конференција на претседателот на австриската стопанска комора

од Stefanija Kuzmanovska

Климатски активисти денеска упаднаа на прес-конференција на претседателот на Австриската стопанска комора (ПКА), Харалд Марер и го презедоа зборот.

ПКА закажа прес-конференција на тема за греење од обновливи извори, а за време на говорот на Марер, активистката Лена Шилинг се искачи на сцената со неколку нејзини колеги и го критикуваше лобирањето на ПКА за фосилните горива.

Климатските активисти, исто така, ја обвинија ПКА за зависноста на Австрија од рускиот гас и нафта.

Критиката беше упатена директно до Марер.

„Господине Марер, вие сносите историска одговорност, која до сега не сте ја преземале. Тоа мора да се промени“, наведоа активистите, јави „Танјуг“.

Марер им се заблагодари на активистите за нивната изјава и укажа на фактот дека во Австрија владее слободата на изразување.

Слични содржини