194
Седницата на Комисијата за избори и именувања на која ќе се разгледуваат предлозите на власта и опозицијата за нови уставни судии почна денеска по речиси една година нефункционалност.
Владејачката партија ќе ги предложи актуелниот јавен обвинител Љубомир Јовески, Татјана Васиќ, државен советник во Министерството за правда и Фатмир Скендер, актуелен судија и поранешен секретар на општина Центар Жупа.
ВМРО – ДПМНЕ има шест предлози, професорите Саво Климовски, Родна Живковска, потоа Бранко Секулоски, поранешен судија и претседател на Основниот суд во Гостивар, Весна Јовановска, судијка во Управен суд и Тодор Витларов, обвинител од Штип.
Уставниот суд со месеци е блокиран и работи само со четворица судии.