324
Универзитетската клиника за хематологија во Скопје денеска информира дека успешно е спроведена уште една несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки.
-Ни претставува задоволство да ги информираме сите пациенти и корисници на здравствени услуги во земјава дека со вонреден напор на ЈЗУ Универзитетска Клиника за хематологија-Скопје, и покрај бариерите поради Ковид-19, беше успешно спроведена уште една несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки, се наведува во соопштението на Клиниката.