238
Нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници, информираат од Клиниката за инфективни болести.
„Во врска со пациентот кој се споменува во медиумите, според информациите од кичевската болница станува збор за суспектен пациент кој е во добра здравствена состојба и со уредни лабораториски резултати, кај кого е дадена препорака за тестирање“, се додава во информацијата од Клиниката за инфективни болести.
Во моментов, појаснуваат оттаму, се организира епидемиолошки тим кој ќе спроведе епидемиолошка анкета.
„До овој момент не е доставен материјал за тестирање во Институтот за јавно здравје и во државата нема потврден случај на мајмунски сипаници“, е нагласено во соопштението.