Клиниката во Берлин: Навални сè уште е во сериозна здравствена состојба

од Nikola Popovski
173 прегледи

Во писмото до докторите од Омск, берлинската клиника „Черите“ објавила дека рускиот лидер на опозицијата Алексеј Навални се уште е во тешка состојба, изјавил главниот лекар на болницата во Омск, Александар Мураховски.

„Во сабота (22 август) испратив писмо до клиниката „Черите“ дека сме подготвени да соработуваме со нашите германски колеги и дека сме подготвени да ги доставиме сите податоци за анализите. И веќе вчера (23 август), добивме одговор од клиниката, во која тие ни се заблагодарија и истакнаа дека Алексеј Навални е во стабилна тешка состојба. Германските колеги се многу благодарни на нас и тие исто така не се сомневаат дека успеавме да го спасиме животот на пациентот“, објаснил Мураховски.

Навални се разболе во четвртокот на летот од Томск кон Москва, при што авионот итно слетал во Омск. Лидерот на опозицијата е пренесен во болницата каде што паднал во кома. На почетокот се претпоставуваше дека Навални е отруен од нешто што бил оставено во неговиот чај на аеродромот.

Од болницата соопштија дека труењето е само една од можните причини за состојбата на пациентот. Анатолиј Калиниченко, заменик главен доктор во болницата во Омск, изјави подоцна дека неговата здравствена состојба е стабилна и дека, според резултатите од тестовите, во организмот на Навални не се пронајдени знаци на труење, мозочен удар, срцев удар, инфекција или коронавирус. Руските лекари веруваат дека дијагнозата е метаболичко нарушување што предизвикало ненадеен пад на шеќерот во крвта.

Слични содржини