Кандидатката за претседател на САД од Демократската партија Хилари Клинтон планира огномет во Њујорк во чест на претстојната победа.
Огнените бои треба да го осветлат небото над мегаполисот половина час по затворањето на избирачките места во таа држава (Њујорк), пренесува “Њујорк пост” (New York Post). Според изданието вработени на противпожарната заштита и полицајци добиле инструкции да се подготвуваат за обезбедување на безбедноста за време на пиротехничко шоу над реката Хадсон во близина на местото каде што ќе се бројат гласовите на избирачите. Лансирањето на ракетите е предвидено за 21:30 часот по локално време на 8 ноември (02:30 по македонско време на 9-ти ноември) и ќе трае не повеќе од две минути.
Според некои полицајци Клинтон се однесува прилично безгрижно. Тие ги споделија стравувањата дека осигурувањето на редот за време на огнометот може да изгледа како поддршка за неа.
“Интересно е ако загуби дали ќе се согласи да ја отстапи (пиротехниката) на Трамп на половина цена?”, вели полицаец, цитиран од весникот. Социолози покажуваат дека поддршката за Клинтон е намалена и главниот и ривал – кандидатот на републиканците Доналд Трамп – има реални шанси за претседателската столица.
Според податоците објавени на 1 ноември, социолозите од Real Clear Politics ѝ даваат предност на Клинтон пред Трамп со 2,4 проценти. Исто на 1 ноември стана познато дека според последната анкета нарачана од “Вашингтон пост” и телевизијата Еј Би Си њуз републиканскиот кандидат води пред Клинтон.