Кливленд врза дванаесет победи (видео)

од Vladimir Zorba
71 прегледи

   Кошаркарите на Кливленд Кавалирс по лошиот старт оваа сезона во НБА лигата, успеаја да влезат во победничка серија која трае 12 натпревари вклучувајќи го и триумфот остварен над Чикаго Булс.

 

Кавалирс ноќеска во „Јунајтед Центар“ во Чикаго победија со 113:91.

Кевин Лав и Двејн Вејд уфрлија по 24 поени, Леброн Џејмс застана на 23. Тројцата заедно имаа 26 скока и беа најзаслужни за триумфот на гостите.

Кај домаќините се истакна Крис Дан со 15 поени.

За Кливленд ова беше 17 победа по што се искачи на второто место во Источната конференција. Чикаго и натаму е најслабиот тим во лигата со само три победи и дури 19 порази.