Клоп: Да изгубиш со 0:3 по една грешка е тешко за нас

од Vlatko K
83 прегледи

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп жали за тешкиот пораз со 0:3 од Барселона во првиот
полуфинален натпревар во Лигата на Шампионите. Германецот го пофалил неговиот тим за
неговиот настап на „Камп Ноу“.


Според неговите зборови, тоа било едно од најсилните гостувања за „црвените“ во Лигата на
шампионите.

„Игравме многу добро, но загубивме со 0:3. Ова не се случува често, но може да се случи, особено
против ривал како Барселона“, изјави Клоп.

„Го покажавме фудбалот, кој сакавме да го покажеме. Игравме како што требаше. Го направивме
она што требаше. Да, при првиот гол не се браневме добро. Но да загубиме со 0:3 по една грешка е
тешко за нас“, продолжи тој.

Клоп остана задоволен од спокојството со кое неговиот тим играл и со кое биле занемарени
„провокациите“ на противникот.

Според него Ливерпул не е во позиција да зборува многу за реваншот, но вети дека тимот ќе
направи се што е во нивна моќ.

„Сакам да ги гледам овие момци да играат со таква страст и срце“, додаде Германецот